ЗА НАС

Social Rugby Club е првиот рагби клуб со седиште во Скопје, кој врши обука на деца и млади со цел совладување на рагби техники. Истовремено, спортските сесии за рагби се креирани на тој начин да придонесат кон личен развој на учесниците. Спортските сесии освен рагби техники и вежби, ќе содржат активности за развој на интерперсоналните и социјални вештини. Младите ќе се учат на поттикнување на тимски дух, еднаквост, почит, емпатија, самоодговорност и лидерство.

Особено внимание ќе биде посветено на развој и поддршка на девојки кои сакаат да се занимаваат со рагби и да играат рагби.

Рагби клубот ќе започне со обука на деца и млади на возраст од 6 до 13 години, кои ќе играат во мешани и одделни групи.

Social Rugby Club

Мисија

Да го развиеме и зајакнеме личниот потенцијал кај младите преку рагби.

Наши вредности:

Интегритет. Почит. Еднаквост. Тимски дух. Солидарност.

Зошто токму ние?

Зашто ние ќе те научиме да играш и уживаш во рагби играта. Но, освен што ќе станеш одличен во рагби и ќе ги развиеш своите моторни способности, нашата програма ќе придонесе да развиеш и други вештини, како подобрена самодоверба, тимски дух, успешна комуникација и лидерство. Дојди и стани дел од нашиот клуб. Те очекуваме!

Мини рагби од 6 до 13 години

Рагби клубот организира спортски сесии за млади момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 13 години. Овој тип на рагби е без контакт и е наречен мини рагби. Играчите се групираат во различни групи зависно од возраста и/или од физичкиот развој на детето.

Децата на возраст од 6 и 7 години ќе започнат со таканаречен ‘’tag’’ рагби. Ова е забавна, пријатна и бесконтактна верзија на рагби што се игра во мали тимови на мали терени. Акцентот ќе биде ставен на учеството, физичката активност и уживање во играта.

Општо, од 8-та година нагоре, децата ќе играат мини рагби. Ова нуди вовед во рагби што одговара на потребите на младиот играч и постепено, како што децата стануваат позрели, големините на тимот и на теренот ќе се зголемуваат. Учесниците ќе ги совладаат основите на рагби и ќе ги научат правилата на игра. Контактниот рагби ќе се воведе само кога детето е подготвено за тоа.

Сесиите се креирани на начин да го охрабрат развојот на играчите кој треба да се фокусира на учество, наместо на резултат на играта. Децата развивајќи ги своите рагби вештини, ќе ја зајакнат самодовербата, самоодговорноста, тимскиот дух и соработката со останатите играчи и тренери.

Децата во мини рагби тренираат во позитивна, безбедна и забавна спортска средина.

Social Rugby Club
Social Rugby Club
Social Rugby Club
Gilbert
Social Rugby Club

Наши партнери

Center For Sport
GSMP

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!