Документи

Политики на еднаквост и диверзитет

Принципи за еднаквост и диверзитет:

  • Креираме средина во која индивидуалните разлики и придонесите на сите наши вработени, доверители и волонтери се препознаваат и вреднуваат.
  • Креираме работна околина што промовира достоинство и почит кон сите. Ниту една форма на заплашување, малтретирање или вознемирување нема да се толерира.
  • Обезбедуваме соодветна обука, можности за развој и надградба на личен и професионален план кои се достапни за сите.
  • Промовираме еднаквост на работното место бидејќи е дел од нашата политика за добро владеење.
  • Редовно ревидираме практики и процедури за вработување и волонтирање за да бидеме сигурни дека ниту еден кандидат/ка или волонтер/ка не се третира помалку поволно од останатите.
  • Сериозно ги третираме нарушувањата на политиката за еднаквост и ги преземаме сите мерки кога тие се потребни.
  • Секоја форма на дискриминација или непочитување на нашата политика за еднаквост од страна на вработен или волонтер ќе се третира сериозно и каде што е соодветно може да се примени дисциплинска мерка.
  • Обезбедуваме информации и обука на сите вработени и волонтери, со цел тие да бидат целосно запознаени со прашањата поврзани со еднаквост како и со нивната одговорност по овие прашања.
  • Политиката за еднаквост ќе се прегледува на двегодишно ниво.

 

Промоција:

  • Сите слободни работни места ќе бидат огласени внатрешно и надворешно, онаму каде е соодветно.

 

Обука и професионална надградба:

  • Сите вработени, доверители и волонтери имаат пристап до можности за обука.
  • Можностите за обука ќе бидат дискутирани за време на заедничките состаноци, а селекцијата за обука ќе се изврши врз основа на потребите на деловната активност утврдени со деловниот план и личниот развој на поединецот.
  • Почетната обука ќе вклучува и објаснување на политиката на еднакви можности и пристап до можности за развој.

Етички код за работа со деца и млади

Во нашите програми ќе учествуваат деца и млади учествуваат и ние имаме одговорност да обезбедиме спортска средина која е безбедна и во која се грижиме за сите млади учесници.

Сите ангажирани лица како и волонтери во нашиот клуб, својата работа и делување ќе ги темелат на вредностите и принципите на клубот како што се почит, солидарност, еднаквост, интегритет и тимски дух.

 

Вредности и принципи

  • Вклучените во спортскиот клуб ги разбираат, почитуваат и практикуваат вредностите на организацијата во сите аспекти од работењето.
  • Личните цели и интереси на вклучените лица треба да бидат усогласени со целите на клубот кои се дефинирани во мисијата и визијата.
  • Вклучените во спортскиот клуб одржуваат професионална комуниција и сите имаат еднакво право на изразување на своето мислење и став. Гестикулациите, висината на гласот и други начини на комуникација треба да бидат соодветни за пригодата и да не ги преминуваат границите на взамено почитување, односно да не преминуваат во расправија со која се покажува непочитување на соговорникот.
  • Етничко, верско, расно и полово/родово дискриминирање или несоодветен однос поради наведените разлики како карактеристика на една личност ќе се смета за нарушување на правото на еднаков третман, и за истото ќе следи соодветна санкција.

 

Одговорност на сите вклучени во нашиот клуб, вклучително и тренерите и волонтерите е да:

  • Обезбедат заштита на децата и младите од сите форми на злоупотреба, булинг или ескплоатација од сите вклучени во спортот.
  • Создадат безбедно опкружување каде децата ќе се чувствуаат безбедно, почитувано и вреднувано.
  • Обезбедат пристап до информации на сите деца, родители и старатели.
  • Пријават можна злоупотреба или занемарување на децата до раководството и / или на институциите надлежни за заштита на деца, без оглед дали  можната злоупотреба е извршена од страна на персоналот или надвор од нашиот клуп, вклучително и од семејството на детето, пошироко семејство или негови/нејзини пријатели.
  • Се залагаат и ги промовираат правата на децата и младите лица и придонесуваат кон нивно зајкнување.
  • Промовираат култура на инклузија, правдина, еднаквост и солидарност.

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!