Девојките и рагбито

Играта рагби е иста за девојчиња и момчиња, но сепак важно е да се разбере дека момчињата и девојчињата се различни. Разбирањето дека постојат разлики ќе помогне да се создаде позитивна клима за учење. Од многуте истражувања во повеќе земји, докажано е дека поголемиот број девојки играат рагби од љубов кон играта, поради забава и стекнување пријатели. На поголема возраст, голем стимул претставува и да се биде фит и во форма, а некои се стремат да играат и на професионално ниво.

Клучни области што се особено корисни и нашите тренери ги земаат предвид при тренинг:

Девојките можат да одговорат позитивно кога нивниот тренер ги познава како индивидуи и ги разбира нивните мотивации и цели.

Девојките имаат тенденција да поставуваат повеќе прашања отколку момчињата, бидејќи е важно да ги разберат деталите на инструкцијата пред да пробаат нешто ново (движење, техника).

Физичкото растојание помеѓу машки и женски деца на возраст од 9 до 13 години обично е минимално.

Девојките имаат тенденција да бидат повеќе ориентирани кон градење релации и комуникацијата со нив е многу важна, бидејќи ова претставува основа за нивно учење и го охрабрува нивното учество.

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!