Краток историјат на идејата зад клубот

Рагби е популарен спорт и постои речиси во секоја земја, во рекреативна или професионална форма. Ширум различни земји и континенти постојат многу рагби клубови, федерации, локални и национални тимови и лиги на натпревари.

Рагби клубови и тимови има и во соседните земји, каде што редовно се практикува овој спорт. Во нашата земја моменталниот статус со рагби не е на исто ниво како кај нашите соседи. Имено, во 2019 година во Македонија се одржа Регионално првенство во рагби во женска конкуренција, на кој се натпреваруваа тимовите на Србија, Албанија, Косово, но за жал не и рагби тимот на Македонија, бидејќи ние сè уште немаме национален тим во женска конкуренција.

Спортот рагби исто така претставува и одлична платформа за личен развој кај младите, затоа што промовира почит, солидарност, интегритет и тимски дух. Вредностите што ги промовира овој спорт се принципи кон кои сакаме младите лица да се придржуваат во животот. Оттаму сите спортски сесии во рагби ќе бидат насочени кон развој на животни вештини, кои значат продуктивна идна младина.

Идејата за оформување на рагби клубот за позитивен личен развој дојде токму од потребата за постоење на клуб кој ќе нуди можност за рекреативно играње рагби и развој на животни вештини кај младите. Клубот ќе придонесе кон развој на рагби како спорт во нашата земја и ќе обучи млади лица кои ќе играат, ќе се надградуваат и ќе се забавуваат на спортските рагби сесии.

Бидејќи сум поборничка за родова еднаквост и еднакви можности и верувам дека спортот ги зајакнува девојките и жените, овој клуб ќе посвети посебно внимание и енергија да овозможи еднаков пристап и поддршка на развој на женски и машки рагби играчи, како и жени тренери во рагби.

Голема благодарност им упатувам на Џејмс Холт и Роберт Вилкинс од рагби клубот Вајлд Боарс (Wild Boars), за нивната безрезервна поддршка и подготовка на стручниот тим, кој ќе биде обучен да ги предводи спортските сесии.

Голема благодарност и до Глобалната спортско-менторска програма при Центарот за спорт, мир и општество, предводено од Сара Хилар за поддршката која ни беше неопходна при отворање на клубот. Клубот е дел од менторската програма и стручниот тим ќе биде професионално надградуван од искусните тренери Вања Волфган од Нов Зеланд и Клаудиа Контрерас од Венецуела.

Нашата визија е да обезбедиме безбедна и позитивна спортска средина во која ќе го  унапредуваме личниот развој на децата и младите преку рагби.

Силвија Митевска

Претседателка

Наши партнери

Center For Sport
GSMP

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!