Клубски Новости

Почнуваме со тренинзи

Почнуваме со тренинзи

Со големо задоволство Ве информираме дека од 1ви октомври започнуваме со рагби тренинзи за деца од 6 до 13 годишна возраст. Учесниците ќе ги изучуваат рагби техниките и ќе играат ,,tag’’ рагби. Овој тип на рагби игра е бесконтактен и многу забавен за сите деца.

Тренинзите ќе се одвиваат на теренот Локомотива, Карпош, секој вторник и четврток од 17 до 18 часот.

Обука за тренери

Обука за тренери

Обуката за тренери е успешно комплетирана. Искусниот тренер Роберт Вилкинс го пренесе своето знаење и експертиза на помладите категории тренери кои ќе работат со деца и млади. Професионалната надградба е многу значајна и нашиот клуб ќе вложува во развој на сите ангажирани лица, особено нашите тренери.

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!