Квалитети на успешен тренер

Да се ​​биде добар и успешен тренер значи повеќе од водење на спортска сесија. Тренерската улога подразбира специфично техничко познавање на дадениот спорт, методологија на работа и пристап кон сите учесници, како и мотивација и поддршка на учесниците низ текот на тренингот и по негово завршување.

Нашите тренери освен што имаат практично спортско искуство, тие придонесуваат кон развој и унапредување на интеперсонални и социјални вештини кај децата и младите. Нашите тренери се водат од вредностите на клубот и сите спортски сесии се креирани на принципите на еднаквост, почит, интегритет и солидарност.  Учесниците на спортските сесии го унапредуваат личниот развој и го зајакнуваат својот потенцијал.

Квалитети на успешен тренер

Да даде позитивен и конструктивен фидбек кој треба да биде индивидуално приспособен за секое лице. Да поттикне дискусија и споделување на лични мислења и ставови.

Добро да го запознае секој учесник и да ги земе предвид неговите/нејзините карактеристики во споредба со возраста и вештините. Особено важно е обуката да биде прилагодена на индивидуалните потреби на учесниците.

Да даде позитивен и конструктивен фидбек кој треба да биде индивидуално приспособен за секое лице. Да поттикне дискусија и споделување на лични мислења и ставови.

Да обезбеди квалитетни спортски активности кои ќе го потпомогнат личниот развој на младите лица.

Да воведе групна динамика која подеднакво ќе ги вклучува сите учесници. Да спречи секаков вид булинг и насилство меѓу учесниците и да ги мотивира оние кои се посрамежливи и интровертни.

Да не дискриминира кон различностите на младите (сексуална, етничка, општествена, економска) и да даде позитивен пример со нивно активно вклучување и прифаќање.

Нашите Тренери

Michael Markovski

Мајкл Марковски

Мајкл игра рагби од 6 годишна возраст. Досега играл во различни рагби клубови и рагби школи ширум Австралија. Во Македонија активно игра рагби веќе 2 години а последната година е ангажиран како тренер во рагби клубот Skopje Wild Boars.

Dragan Stefanovski

Драган Стефановски

Драган Стефановски е дипломиран професор по физичко и здравствено обрзование, спорт и здравје. Има практично спортско искуство и работа со деца и младинци.

Победа наспроти игра и развој

Лицата кои спортуваат го прават тоа од различни причини; за некого е важно натпреварувањето, за некого забавата и дружењето со соиграчите, а за некого сатисфакција е усвојување на нови техники и знаења. Сосема е разумно дека за еден интернационален тим кој игра на Светски куп најважниот елемент на секој натпревар е победа, но дали на ова треба да се фокусира и еден осумгодишен играч? На оваа возраст, децата имаат ограничен распон на внимание и имаат ограничена можност за усвојување на сложени ситуации. Воедно, тогаш е и оптимално време за развој на интерперсонални и социјални вештини. Ова укажува дека за оваа возраст, наш фокус на работа треба да биде развој на играчот, наместо на победа на играта.

Многупати доаѓа до недоразбирање околу пораката дека доколку на тренинг не се потенцира резултатот и победата, не се промовира и развива менталитет за победа. Ова е сосем неточно. Напротив, доколку тренинзите се креирани на начин да придонесат кон личен развој кај играчот, кој ќе биде посветен, ќе тренира со волја и интензитет, играч кој ќе знае да си постави цели и кој ќе знае да ја процени својата изведба, тогаш победничкиот менталитет ќе се развива сам по себе.

Во нашиот клуб ќе ја пофалиме посветеноста на играчите и ќе поддржиме критичка проценка на перформансите со цел играчите да станат одговорни за своите постапки и свесни за својот потенцијал.

Тренерите и родителите треба да ја искористат посветеноста на децата и да ги подобрат нивните перформанси со охрабрување, поддршка и добри зборови. На тој начин го поддржуваме развојот на играчите на долгорочен план.

Сакаш да научиш нешто ново?

Придружи ни се и стани дел од рагби спортот во Македонија.

Спортувајте во позитивна, безбедна и забавна спортска средина!